„Нашите животи се празни без тебе и Џиџи, а јас сум скршена“ – прв роденден на Коби по неговата смрт

Ванеса Брајант со емотивна порака му го честита 42. роденденот на Коби, кој заедно со нивната најстара ќерка загина во хеликоптерска несреќа. 38-годишната сопруга на прерано починатиот кошаркар објави нивна заедничка фотографија и напиша колку ѝ недостигаат тој и ќерката Џиџи. Ова е прв роденден на Коби по неговата смрт во хеликоптерската несреќа, во која почина и ќерка му Џијана.

„Среќен роденден, беби! Те сакам и ми недостигаш повеќе отколку што некогаш ќе можам да објаснам. Посакувам да бевте тука со Џиџи за да славиме за тебе! Посакувам да можев да ти ја направам омилената храна или роденденска торта со мојата Џиџи. Ми недостигаат твоите големи прегратки, твоите бакнежи, твојата насмевка, твоето гласно смеење. Ми недостига да те задевам, да те засмевам и да го пукам твојот балон. Ми недостига да ми седиш во скутот како мое големо бебе, какво што и си. Постојано мислам на твоите нежност и трпение. Мислам на сè што ти би направил во ситуациите за да ми помогнеш да се справам со сè што ми е фрлено на патот.

Ти благодарам што растеше со мене и што ме научи како да бидам силна. Како да се обидувам да го видам доброто во луѓето. Екстремно ни недостигаат твоите внимателни гестови и неверојатниот начин на кој правеше сите да се чувствуваме така. Секојдневно си ги замислувам твојата насмевка и твоите широки големи прегратки за добредојде. Боже, колку ми недостигате и двајцата. Нашите животи се многу празни без тебе и Џиџи. Јас сум тотално скршена внатрешно.

Колку и да сакам да плачам, ставам насмевка на моето лице за да направам денот на нашите ќерки да им биде малку посветол.

И нивната најголема ќерка Наталија напиша порака на „Инстаграм“ за Коби.

Среќен роденден, тато! Ми недостигаат твојата насмевка, твојата смеа и големите прегратки. Среќен роденден на најдобриот пријател за гледање филмови што можев некогаш да го посакам. Секогаш ќе ги паметам нашите ноќни возења до киното со отворени прозорци слушајќи ги нашите омилени песни. Те сакам, секогаш и засекогаш.

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана го изгубија животот во хеликоптерска несреќа во Калабасас на 26 јануари годинава заедно со уште седум други лица. Со Ванеса има и три други ќерки.

 

Scroll to Top