Наскоро документарец на „Нетфликс“ и за Памела Андерсон

Поранешната плејбој-зајчица и актерка Памела Андерсон најави дека наскоро ќе излезе со нов интимен документарец на „Нетфликс“.  Во него таа ќе зборува за контроверзната серија „Пем и Томи“ и за нејзиното домашно видео, кое беше објавено без нејзино одобрение, пренесе Guardian.

„Мојот живот. Стотина несовршености. Милион погрешни перцепции. Злобна, дива и изгубена. Никаква мотивација за живот. Може само да ве изненадам. Не сум жртва, туку борец. И жива ќе ја раскажам вистинската приказна“, рече Памела.

Документарецот кој засега нема име е идеја на режисерот Рајан Вајт. Тој веќе ги режираше сериите на „Нетфликс“, The Keepers и Ask Dr Ruth, а синот на Памела, Брендон Томас Ли ќе биде меѓу продуцентите. Во филмот ќе бидат прикажани и дневниците кои ги водела Памела.

Од „Нетфликс“ рекоа дека филмот најмногу ќе се осврне на професионалниот и личен живот на Памела. Најавата на документарецот излезе само неколку недели по почетокот на емитување на серијата Pam & Tommy, во чиј фокус е видеото од сексот меѓу Памела и нејзиниот бивши Томи Ли.

Во серијата во главните улоги беа Лили Џејмс и Себастијан Стен. Продуцентите наводно ја контактирале и Памела, но таа не била заинтересирана за соработка. Нејзини пријатели рекоа дека не била премногу среќна за овој проект и дека ѝ предизвикал само проблеми и болки.

 

Scroll to Top