Натали Портман раскажа за сексуалното вознемирување

Актерката Натали Портман вели дека долго време мислела оти во нејзиниот живот не може да најде приказна за сексуално вознемирување.

Ова, сепак, се промени со отворање на случајот на Харви Вајнштајн и појавата на движењето Me Too и Time’s Up, во која жените во Холивуд организирано се за борба против сексуалното малтретирање. Нивното појавување ја навело да ги преиспита своите сеќавања за непријатните настани од минатото.

„Отпрвин мислев дека не ми се има случено тоа. Тогаш сфатив дека имам сто приказни. Мислам дека голем проблем е тоа што многу од нас не сфаќаат дека ова е проблем, но само се прифаќа оваа ситуација како дел од процесот”, рече е оскаровката во интервју за магазинот „Портер“.

Таа се присети на еден посебен разговор со извесен режисер, кој не сакаше да го именува, кога тој ја поканил да патуваат со неговиот приватен авион.

„Бевме само ние двајца, а само еден кревет. Не бев нападната. Му реков дека не се чувствувам удобно и тој го почитуваше тоа. Ова е навистина неприфатливо и манипулативно. Се плашев“, изјави Натали Портман.

Scroll to Top