Не доживеав оргзам до 38. години, открива холивудската актерка Рејчел Билсон

Холивудската актерка Рејчел Билсон проговори за својот сексуален живот.  Актерката најпозната по улогата на Самер Робертс во серијата „The O.C.“ која до 2020 година беше во љубов со комичарот Бил Хадер, рече дека не доживеала оргазам до својата 38 година.

„Не е ли тоа лудо?“, изјавила, но не открила со коого конечно имала оргазам за првпат, пренесува „Daily mail“.

Билсон пред Хадер беше во 10-годишна врска со канадскиот актер Хајден Кристенсен. Од тоа 18 месеци биле верени. Ја прекинале веридбата во септември 2017 година, а ја имаат и осумгодишна ќерка Бриар-Роуз.

Актерката неодамна изјавила дека раскинувањето со комичарот Хадер, среде пандемијата и карантините, навистина било тешко.

„Не можев да ја напуштам својата куќа, знаете на што мислам? Само седев дома и живеев со тоа. Беше најверојатно најтешката работа која некогаш сум ја направила, потешка од породување. Навистина ме болеше“, открила таа.

 

А, сега во поткастот изјавила дека во меѓувреме успеала да го преболи раскинувањето и дека ја бара среќата во нареден човек.

Во август 2022 година таа потврди дека има нов дечко , според  медиумите станува збор за уметникот Зек ЛаРоко.

Scroll to Top