Не ме платија колку што заслужив, Шерон Стоун откри зошто го задржала фустанот што го носеше во „Основен инстикт“

Глумицата Шерон Стоун рече дека го задржала белиот фустан кој го носела во филмот „Основен инстикт“, улога со која се прослави во деведесетите години, затоа што не била платена оноколку колку што залужува.

Во интервју за InStyle таа рече дека го задржала затоа што била многу помалку платена од нејзиниот колега Мајкл Даглас го кого ги играа главните улоги.

„Кога ја добив улогата на Кетрин Трамел имав 32 години. Улогата за мои години ја добив прилично доцна со оглед на годините кои ги имав. Но, од моментот кога го прочитав сценариото знаев дека јас сум вистинската личност за неа. Тоа беше интелектуално сложен дел и чувствував дека ја разбирам. Кетрин ме потсети на некои ликови кои Орсон Велс ги играше во минатото. Вакви комплицирани главни улоги како мојата, едноставно не се доделуваат толку често на женски ликови“, рече Стоун.

Во популарната сцена кога ги прекрстува нозете за време на испрашувањето Шерон носеше бел фустан за кој вели дека самата го избрала.

„Костимографката Елен Миројчник ме однесе во „Родео Драјв“ ѝ ми рече дека можам да си изберам каков сакам фустан за мојот лик“, рече Стоун.

На почетокот избрала беж фустан од кашмир, но кога дошол ред за сцената со испрашувањето, побарала помош од режисерот Пол Верховен.

„На шега ми рече дека не му е гајле што ќе носам и дали косата ќе ја носам собрана во пунџа“, се потсети Стоун и објасни дека на крајот се решиле за целосно бело издание.

Елен го дизајнирала фустанот за кој Шерон вели дека можела целосно да се опушти, односно да се чувствува како ќе посака, а истовремено да не открива премногу. Иако заедно го дизајнирале, Стоун рече дека не ни насетила дека тој фустан ќе привлече толкаво внимание.

На крајот целиот филм остана запаметен по истиот. Шерон рече дека се помирила со тоа дека ќе остане запаметена по таа сцена, во атрактивно издание, па на крајот решила да го задржи фустанот, како и сите костими кои ги носела во филмот.

„Во договорот ставив клаузула дека можам да ја задржам облеката. Луѓето на почетокот мислеа дека сум луда. Но, бев многу помалку платена во споредба од Мајкл Даглас. Заработив само 500.000 долари, додека Мајкл заработи 14 милиони долари. Така што земањето на костимите беше многу паметна работа што ја направив“, рече Стоун.

 

Scroll to Top