Селин Дион неодамна откри дека боледува од реткото нарушување „Сиф Перон Синдром“ кое предизвикува неконтролирано грчење на мускулите. Пејачка во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил сподели со своите фанови и откри како се манифестира оваа ретка болест.
Тоа е причината Дион да ја откаже европската турнеја.
“Здраво на сите, извинете што ми требаше толку време да разговарам со вас. Многу ми недостигате и едвај чекам да разговарам повторно со вас од сцената“, започува Селин во видеото.
Таа во видеото вели дека никогаш не криела ништо за себе, но досега не била подготвена да зборува за нејзиниот здравствен проблем.
„Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега ми е јасно зошто имам напади. За жал, спазмот ми го нарушува секојдневието. Понекогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не ни верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за повторно да си ги вратам силите и способностите за настап, но морам да признаам дека тоа е тешка битка“, рече пејачката.
Таа појаснува дека се соочува со грчеви кои влијаат на секој аспект од нејзиниот живот и ѝ го отежнуваат движењето, дури не и дозволуваат да ги користам гласните способности на начин на кој таа е навикната.
„Тешко ми е да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам европската турнеја во февруари, како што беше претходно најавено. Ве сакам и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме“, додава Селин.
View this post on Instagram