Популарниот канадски пејач Џастин Бибер, со емотивна порака ѝ го честиташе 24. роденден на неговата сопруга Хејли.
„Моите очи се за тебе. Моето срце е за тебе. Мојата душа е за тебе. Мојата љубов е за тебе. Јас сум дома кај што си ти. Ти си моето безбедно место. Јас сум комплетно опседнат со тоа што си. Мојот најголем сон е да остарам со тебе. Не можам да верувам дека си моја засекогаш. Среќен родеднен“, и напиша Џастин на Хејли, на „Инстаграм“.
За само половина час, неговата објава доби повеќе од милион лајкови.