Викторија и Дејвид Бекам се заедно веќе 19 години, а во медиумите кружат бројни приказни за нивниот развод.
Обложувалниците почнаа да примаат кладби откако во илјадници и илјадници твитови почна да се нагаѓа дека Бекамови ќе објават дека се разведуваат.
Сепак, поранешната спајсица сето тоа го демантираше, како со заеднички фотографии така и со изјава.
„Благословена сум зошто имам прекрасен сопруг и убави, здрави и среќни деца. Не се разведуваме“, изјави во една прилика популарната дизајнерка и додаде дека и покрај пренатрупаниот деловен распоред, тие двајцата секогаш наоѓаат време за себе. „ Дејвид и јас немаме што да докажуваме. Се сакаме, се поддржуваме и силни сме и како партнери и како родители“, рече познатата сопруга на Дејвид Бекам.