Не се сеќавам кога последен пат сме имале секс, сопругата на Роби Вилијамс откри интимни детали од брачниот живот

By

Сопругата на Роби Вилијамс Ајда Филд Вилијамс, во подкастот Postcarsd from the Edge откри детали од нивниот брачен живот и објасни дека нивниот сексуален живот бил мртов и дека не се сеќава кога последен пат спиеле заедно.

dobivaj vesti na viber

„Креветот ни беше само за спиење од физичка потреба. Сексот ни е мртов. Ни го уништија четирите деца. Веќе немаме потреба да одиме во кревет во исто време. Сега е само заеднички работен простор“, рече Аида која работи како манекенка и глумица.

Се пошегува и дека подобро би било да спијат одвоено, а креветот да го користат за тенис. Потоа зборуваше и за лошите навики на Роби додека спие.

„Роб многу р’чи. Не беше таков на почетокот. Некогаш го удирам по носот или ќе го турнам. Понекогаш ќе престане, но брзо потоа пак ќе почне“, се пожали Аида. Рече и дека некои од пријателките ѝ предложиле да спијат во одвоени соби, но таквата идеја не и се допаднала.

„Ќе си помислам дека ако направиме такво нешто, тогаш и официјално ќе станеме само цимери. Можеби и да бидеме како брат и сестра. И вака се чувствувам како да се држам за работ со ова заедничко место за спиење“, рече Ајда.

Гостите во поткастот ја прашаа каков е Вилијам во ноќта кога едно од децата ќе се разбуди.

„Како мечка што спие. Искрено, Груфалото можеше да влезе, а Роб само ќе останеше во кревет и не го ни забележуваше. Ниту земјотрес во Лос Анџелес не го будеше“, одговори Ајда.

За потсетување, Роби и Ајда се запознаа во 2006 година преку заеднички пријател, а се венчаа на тајна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес во 2010 година. Заедно имаат четири деца, ќерката Теодора, синот Чартлон, ќерката Колет и синот Беј.

 

Ќе ви се допадне