Не смеев да имам секс, сектата ме контролираше, раскажа поранешната сопруга на Ерос Рамацоти за секташкиот живот

„Така е тоа кога си во секта, ти затегнуваат јаже околу врат се повеќе и повеќе, се додека не ти го исперат мозокот“, вака ја започнала својата приказна актерката Мишел Хунцикер,за германското списание „Стерн“. Мишел, поранешната сопруга на Ерос Рамацоти (54), раскажала како шест години била членка на сектата „Воини на светлината“ и верувала во нивните приказни за претходен живот.

Четириесет и едногодишната Мишел сметала дека била сестра на Исус, која се заљубила во римски војник и го издала својот брат и заминала со својот сакан во Рим. Но, Римјаните не сакале да имаат врска со неа, па живеела во беда и сиромаштија и тоа и било казна за предавството.

„Taa сестра бев јас. Верував дека сум била таа жена во претходниот живот и дека со себе ја носам таа вина“ – рекла Мишел, која додала и дека верувала дека била сопруга на поранешен нацист чии злосторства не ги спречила.

Хунцикер посочила и дека била веганка, бидејќи сектата тврдела дека дури и пицата се прави од демонски состојки.

Ме контролираа дали имам секс

Мишел открила и дека со години немала секс и дека секогаш покрај неа имало некој да ја контролира, а четири години не разговарала со мајка си и пријателите. Сектата, како што тврди таа, и го уништила бракот со Ерос Рамацоти, со кој во 1996 година ја доби ќерката Аурора (21), а две години подоцна се венчаа.

„Живеев во бајка. Ерос беше прекрасен, правеше се за мене, но често беше на турнеи, а јас останував сама дома“, рекла Мишел.

Таа објаснила дека врз неа влијаело детството, бидејќи нејзините родители биле разведени, а нејзиниот татко почнал да пие и изгубила контакт со него. До пресврт во животот на Мишел дошло кога таа запознала наводна терапевтка, бидејќи имала проблеми со опаѓање на косата. На сеансите, терапевтката и рекла да се одвои од луѓето кои не ја сакаат затоа што може да и наштетат и дека Рамацоти во минатиот живот бил римскиот војник заради кој и живеела во сиромаштија и беда, тврдела Мишел и верувала во таа приказна која и ја наметнала сектата.

 

Ерос се сомневал во терапевтката

-Мојот сопруг долго време се сомневаше во терапевтката и нејзината секта. Еден ден ме стави пред свршен чин: или тие или тој – се присетила Хунцикер, која ја избрала сектата наместо музичарот.

Од 2014 година Мишел Хунцикер е во брак со Томас Трасарди (35), сопственик на модната компанија „Трасарди“. Сопружниците ги имаат ќерките Селест (3) и Соле (4).

Scroll to Top