Не сум таков како што ме прикажале, рече Чарлс за серијата „Круната“

Синот на бритнаската кралица Елизабета, принцот Чарлс, за време на посетата на Шкотска, кратко ја коментираше серијата „Круната“, која веќе се прикажува четири сезони на „Нетфликс“. Рече дека не е ни блиску таков каков што бил претставен во неа.

„Сакам да ви кажам дека не сум ни блиску до тоа како ме прикажаа“, рече Чарлс, а пренесе „Дејли Мејл“. Во серијата Чарлс е претставен како повлечен и крајно несигурен наследник.

Шестата сезона од серијата моментално се снима, а петтата наскоро би требало да почне да се прикажува. Во третата и четвртата сезона Чарлс го игра Џош О’Конор (32), а во следните сезони ќе го игра Доминик Вест (52).

Извори блиски до кралското семејство велат дека сите во Бакингемската палата ја следат серијата која го прикажува нивниот живот и владеење. Војвотката Камила (75) рече дека е информирана за заплетот. Серијата досега наиде на бројни позитивни реакции од филмската критика.

Scroll to Top