Нејмар неможе да ја преболи разделбата со манекенката Бруна Маркезине

Познатиот бразилскиот фудбалер Нејмар се уште не можел да го преболи раскинувањето со  21-годишната Бруна Маркезине, тврдат неговите блиски. Фудбалерот кој неделно зема плата од 600 илјади  фунти, по пет години врска неодамна се раздели со манекенката и актерка, која според медиумите го оставила по нивното патување на Сафари во Јужна Африка минатиот месец. Пријателите на Нејмар тврдат дека разделбата со Бруна го уништило и дека тој се бори да продолжи понатаму без неа.  “Љубов која никогаш нема да престане”, напишал Нејмар  во јуни под заедничка фотографија.  Наводно фудбалерот три пати се подготвувал да ја побара за жена, но никако не успеал да го стори тоа. Во мометов пак  медиумите ширум светот се полнат со вести за неговиот рекордерен трансфер од Барселона во Париз Сен Жермен, вреден 196 милиони фунти.

Scroll to Top