Бразилскиот фудбалер Нејмар наводно повторно е во врска со моделот Бруна Бјанкарди. Двојката официјално раскина само еден месец откако го дочека своето прво дете во октомври минатата година. Бруна, позната како инфлуенсер и модел, се нашла во тешка ситуација кога било откриено дека Нејмар изневерувал додека била бремена.
Меѓутоа, откако на Инстаграм објавија серија фотографии на кои позираат заедно, тие ги поттикнаа гласините за нивното помирување. Сега нивните обожаватели шпекулираат дека парот решил да и даде уште една шанса на својата љубов.
„Се заедно и измешано“, „Моменти“, беа само дел од описите кои Бруна ги напиша заедно со фотографиите. На една објава таа му го честиташе Денот на таткото на својот татко, но потоа објави и фотографија од Нејмар и нивната ќерка Мави.
„Дечко, чувај се за оваа жена, нема никој како неа“, „Се надевам дека навистина сфати што изгуби и сега ќе го цени тоа“, „А ти треба да се бориш за своето семејство“, беа само дел од коментарите на нивните фанови.
На крајот на ноември минатата година Бруна ја потврди веста за нивното раскинување.
„Ова е приватна работа, но бидејќи често ме поврзуваат со вести, сомнежи и потсмев, би сакала да ве информирам дека не сум во врска. Ние сме родители на Мави и тоа е причината за нашата врска. Ви благодарам“, напиша таа во тоа време.
Нејзината објава уследи по пишувањето на странските медиуми за крајот на нивната врска.
Бразилскиот весник Кореио Бразилиенсе ја објави веста за нивното раскинување, тврдејќи дека Бразилецот ја изневерил својата девојка дури 92 пати. „По 92. предавство, дојде крајот на врската помеѓу Нејмар и Бруна Бјанкарди. Двајцата веќе подготвуваат официјално соопштение, но одржуваат пријателски односи за доброто на нивната ќерка Мави“, тврди Кореио Бразилиенсе.