Некогаш бездомници, денес милионери, тешкиот пат на холивудските ѕвезди

Џим Кери, Кармен Електра, Силвестер Сталоне, се само дел од познатите славни светски џет сет ѕвезди кој морале да изодат трнлив пат, за да бидат таму каде што се денес.

Додека ги гледаме како чекорат на црвениот тепих со скапите облеки и во нивните луксузни летувалишта, за многумина е тешко да поверуваат дека некои од нив не секогаш можеле да си дозволат луксузен живот.

Некои од нив биле толку сиромашни што не можеле да си дозволат ниту кров над глава, па морале да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Тие се доказ дека животот може наеднаш да се сврти на подобро и дека иднината ретко кој може да ја предвиди, а се исплати ако ги бркате соништата.

1. Џим Кери спиел во комбе

Кога неговиот татко ја изгубил работата, Џим Кери и целото негово семејство немале каде да живеат. За срќа имале комбе во кое можеле да ги поминат ноќите. Џим поради сиромаштијата која ги погодила, морал да го прекине школувањето на 15 годишна возраст. Тој се вратботил за да може да им помогне на родителите.

2. Хали Бери нашла засолниште во дом за бездомници

Една од најсексипилните жени на светот, во раните 20 години се преселила во Чикаго за да има повеќе шанси да започне со својата глумачка кариера. Набрзо потоа таа останала без пари, а нејзината мајка одбила да и прати, барајќи од неа да се врати дома.

Без пари, Бери морала да се засолни во дом за бездомници, каде ја чекал топол оброк и кревет. Хали признава дека тоа за неа бил тежок период и дека се извлекла кога нашла работа како келнерка. Таа вели дека тој дел од животот ја натерал денес да ги цени работите многу повеќе.

3. Џенифер Лопез морала да се крие и да спие на креветот во студиото за танц

Во добата од 18. години, мегапопуларната Џенифер Лопез останала бездомник, но тогаш одлучила да ги следи своите соништа. Таа се упатила кон Холивуд, иако нејзините родители не ја поддржувале во тоа. Таа се расправала со мајка ѝ која сакала да ја испрати на факултет. Лопез ретко кога потоа комуницирала со нив.

Кога немала пари, пејачката заработувала од хонорарни работи за да може да се прехрани. Скришно спиела на кревети во студиото за танц каде тренирала. Сепак, по неколку месеци, на Лопез ѝ се посреќило и добила работа како танчерка на турнеја низ Европа.

4. Кели Кларксон се туширала во теретана

Пред да победи на натпреварот „Американски идол“, Кели живеела во својата кола, затоа што нејзинит стан изгорел во пожар. Наводно таа секој ден одела во теретаната каде била член, за да може да се тушира.

5. Хилари Свонк својот спас го нашла во глумата

Оваа успешна глумица целото детство го минала во сиромаштија. Таа живеела во камп-приколка, додека како петнаесетгодишна девојка не заминала за Лос Анџелес со нејзината мајка, каде се обидела среќата да ја најде во глумата. На аудицијата се јавила телефонски од говорница. Тогаш добила некои помали улоги.

6. Силвестер Сталоне поради сиромаштијата завршил во порно филм

Силвестер Сталоне три недели спиел во автобуска станица во Њујорк откако бил исфрлен од неговиот стан затоа што не платил ќирија. Бил очаен, па почнал да глуми во филм за возрасни, за кој добил 200 долари. Тоа му помогнало повторно да застане на нозе.

7. Шанија Твен на 14 години била во засолниште за бездомници

Родителите на денеска популарната кантри ѕвезда имале бурен брак кој се распаднал кога ги погодила сиромаштијата. Нејзината мајка со четирите деца си заминала во Торонто, каде некое време минале во засолните за бездомници. Шанија тогаш имала само 14. години.

8. Кармен Електра

Овој секс симбол во раните 20 години била ограбена од дечкото со кого живеела. Тој ја оставил без пари, па не можела да си ја плати ќиријата. Очајна, Електра само плачела на клупите во парковите, но за среќа нејзина пријателка и се понудила па ѝ помогнала.

 

Scroll to Top