Немавме секс, затоа раскинавме, открива бившата девојка на Канје Вест

Додека Канје Вест и неговата Бјанка Ченсори со своите модни избори привлекуваат внимание во јавноста, сега се огласила неговата поранешна девојка Џулија Фокс со која раперот исто така минатата година беше кратко во врска.

Италијанско-американската актерка и модел (33) изјавила дека немало воопшто секс во врската со Канје.

Контроверзниот рапер и Џулија првпат биле забележани заедно после неколку месеци откако Канје се разведе од Ким Кардашијан. Тие ги полнеа насловните страници поради усогласените модни комбинации.

Џулија која наскоро ќе ги објави своите мемоари, во книгата говори и за сексуалните односи, но не го спомнува Канје. Во интервју за „NYT“, Џулија ја прашале за тие детали кои ги вклучила и зошто не го опишува сексуалниот однос со Канје. „Затоа што немаше сексуален однос. Не се работеше на тоа“, одговорила таа.

Претходно Џулија и уште една поранешна девојка на Канје, Амбер Роуз, расправале за врските со проблематичниот рапер во епизодата на поткастот „Забрането овошје“.

Тие тврделе дека Канје има тенденција да ви даде многу љубов со цел тоа да има влијание врз нив. Џулија со Канје била во врска 6 недели во текот на 2022 година, додека Амбер имала двегодишна романса од 2008 до 2010 година. И двете врски позитивно влијаеле на кариерите на Џулија и Амбер така што глобално ги прославиле „преку ноќ“.

Во поткастот Амбер рекла дека не се срами од својата врска со Канје затоа што тоа имало влијание да стане позната.

„На почеток бев само обична девојка и потоа одеднаш шетав и папарацо фотографите доаѓаа околу мене, а јас само ќе им речев: Не сум позната, тој не е со мене. Не мора да ме следите“, се присетила Амбер.

Разговарале и за однесувањето на Канје: „Секогаш беше ист“, изјавила Џулија, па додала дека неговото однесување станувало „сѐ поекстремно“.

Амбер се присетила дека во 2008 година била придружба на Канје на доделувањето на „Греми“ наградите поради што морала да оди да си купи фустан.

„Не можев да верувам, плачев во гардероберот. Бев толку шокирана поради тоа што бев многу сиромашна во текот на животот“, открила таа.

И двете се согласиле дека нивната „бајка“ со Вест всушност било класичен „love bombing“.

Scroll to Top