Неодоливата Кристен Џонстон изгледа фантастично и во шестата деценија од животот

Кристен Џонстон, која ја паметиме од познатиот американски ситком, влезе во шестата деценија од животот.Љубителите на добрата комедија ја паметат серијата „Третиот камен од Сонцето“. Овој ситком, кој се емитуваше од 1996 до 2001 година и кој беше многу популарен и кај нас, ја следи приказната за четворица главни јунаци вонземјани, кои имаа преземено човечки облик со цел да го истражат животот на планетата Земја.

Покрај Џон Литгоу (кој го играше ликот на докторот Дик Соломан), Френч Стјуарт (кој го играше ликот на Хари Соломан), Џозеф Гордон Левит (кој го играше ликот на Томи Соломан), во оваа серија можевме да ја гледаме и актерката Кристен Џонстон.

Видете како Кристен играше во улогата на неодоливата Сали во серијата „Третиот камен од Сонцето“:

А еве уште една сцена од серијата „Третиот камен од Сонцето“, во која се појавува Кристен:

Кристен Џонстон денеска има 50 години и сè уште  се занимава со актерство. Одвреме-навреме може да ја видиме  во различни филмови и серијали, како и на различни настани.

Кристен, која влезе во шестата деценија од животот, сè уште изгледа одлично.

Дали Кристен ви изгледа подобро сега или порано?

Scroll to Top