Непознати детали за Меган Маркл

Меган Маркл во саботата наполни 37 години, но принцезата била спречена да го прослави роденденот затоа што со принцот Хари морала да оди на свадба на нивни пријатели.

Оваа година Меган Маркл направи големи промени. Се омажи за принцот Хари, по што сврти нова животна страница. Во саботата го прослави 37. роденден, но наместо забава во кралската палата, војвотката и нејзиниот сопруг, принцот Хари, присуствувале на венчавката на еден од најдобрите пријатели на Хари, кој беше и кум на нивната свадба.

Ова се дел од деталите за поранешната американска актерка, кои на пошироката јавност не ѝ се познати. Како Меган го одбележува секој роденден.

Нејзини блиски пријатели велат дека Меган внимава на исхраната. За време на забавите таа си дозволува пржени компири и чаша вино. Одлично говори шпански, студирала театрологија и односи на Универзитетот „Нортхвестерн“. Во 2003 година Меган дипломирала, а потоа имала двомесечен стаж во Амбасадата на САД во Аргентина за односи со медиумите.

Била активистка во Обединетите нации за родна рамноправност на жените. Потоа била амбасадорка на хуманитарната организација World Vision Canada.

Обожава да пече колачи за децата на братот на Хари, принцот Вилијам, и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Каде и да се појави, со себе секогаш носи шише масло од чај. Во една пригода изјави дека тоа можеби и не е најгламурозната работа на светот, но дека тоа е нејзиниот универзален третман за кога ќе ја касне комарец или нешто слично.

Обожава чевли, чадори и книги за политика

Нејзините пријатели велат дека обожава чевли и дека има впечатлива колекција вредна околу 20 000 фунти. Ги има моделите на Кристијан Лобутин и Џими Чу.  Исто така,  оние кои ја познаваат велат дека имаат смисла за хумор.

Со кралицата Елизабета ја дели страста кон посебно дизајнираните чадори. Војвотката од Сасекс исто така обожава книги за политика.

Меган е втората најниска членка во семејството. Додека Хари е висок 185 сантиметри, Вилијам 190, Кејт 175 сантиметри, Меган е висока само 170 сантиметри.

Кога имала 17 години се појавила во спот на пејачката Тори Амос, а се пријавила и на аудиција да глуми во спот на Шакира. Но не успеала да влезе.

Најстарата кралска невеста 

Меган Маркл е најстара невеста во кралското семејство. На денот на венчавката со принцот Хари имала 36 години. Пред неа, тоа била Кејт, кога се омажила за принцот имала 29 години.

Омилена друштвана игра ѝ е „Монопол“.

До 11-годишна возраст одела во Little Red School House, образовна установа која главно била избор на познати холивудски семејства, а ја  посетувала и Скарлет Јохансон, денес една од најпознатите холивудски актерки.

Додека била млада, Меган за животот заработувала со трговија со смрзнати јогурти.

Првиот бакнеж го имала на 13 години. Нејзина симпатија бил Џошуа Силвестеин, кој денеска е оженет и има две деца.

Некогаш имала навика да ги грицка ноктите, а денес ѝ се убаво средени и заоблени во едноставни бои.

Месо јаде само за време на викендот.

Обожава филмови од триесеттите години од минатиот век. Првата улога ѝ била во сапуницата General Hospital, а во филмот дебатирала во 2005 година во A Lot Like Love, каде што глумел и Ештон Кучер.

Талентирана е и за музика, па така знае да свири на гитара и тапани. Додека глумела во серијата Suits носела сопствен накит. Обожава кучиња и секогаш сака да им помогне на напуштените животни.

 

 

 

Scroll to Top