Неверството скапо го чинеше Мистер Бин, ќерката никогаш не му прости

Ќерката на светскиот комичар Роуан Аткинсон, најпознат по својата култна улога „Мистер Бин“, Лили вели дека наследила нешто од неговиот талент, но за некои работи таа не сака да прости.

Аткинсон се има оженето само еднаш и тоа далечната 1990 година. Од тој брак добил две деца Бен и Лили. Лили ја добија во 2014 година, кога се дозна за аферата на Роуан со Луиз Форд. Тогаш семејството почнало да се распаѓа.

Актерот се разведе од својата сопруга, пред да го добие и своето трето дете. Таквите турбуленции оставиле тешки последици по децата на Аткинсон. Неговата ќерка Лили му замерила тоа што тој ја напуштил нејзината мајка.

Лили го наследила талентот од него, но вели дека за тоа што ја оставил нејзината мајка, таа никогаш нема да му прости. Таа се одлучила и да го промени сопственото презиме. Од Лили Аткинсон, таа стана Лили Састри.

Иако Лили била во центарот на внимание, првенствено поради славниот татко, нејзината кариера е приказна сама за себе. Лили е исклучително повлечена личност, нема профил на социјалните мрежи, ниту пак сака медиумски да се експонира. Сепак, не можела да целост да се откаже од љубовта кон сцената.

Уште како девојче ја добила улогата во филмот „Заб“, приказна за Зубиќ Вили, која ќе ја изгуби својата моќ, а потоа со нејзиниот татко ја снима и комедијата „Мистер Бин на одмор“, и „Џони Инглиш“. Тоа била нејзината последна актеркска работа.

Денес таа е успешна кабаре изведувачка. Лили има и свое шоу кое го носи нејзиното име. Често гостува по лондонските клубови. Пишува сопствени песни, пее и глуми, па се чини дека нејзиниот актерски талент со нејзиниот татко преминал и на неа.

Scroll to Top