Неверување и зинати усти, реакциите на холивудските ѕвезди кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок

Инцидентот со Вил Смит и Крис Рок на 94 доделување на Оскарите стана светски настан, а на гледачите особено им беа интересни реакциите на некои од светските ѕвезди кои беа пристутни во салата.

Особено интересна беше онаа на глумицата Никол Кидман, која во неверување гледаше со отворена уста. Слични беа реакциите и на другите. Беше снимен и моментот кога Дензел Вашингтон се обиде да го смири и да му даде совет.

„Во својот најдобар момент биди внимателн. Тогаш ѓаволот доаѓа по тебе“, му рече Дензел на Вил Смит, откако овој му удри шамар на Рок, но, пред да го добие Оскарот за најдобар глумец.

За потсетување, Смит му удри шамар на Рок откако комичарот се пошегува на сметка на фризурата на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, која минатата година објави дека ја избричи главата затоа што се борела со алопеција.

„Џејда, едвај чекам да го гледам ‘Џи Ај Џејн 2‘“,вели Рок пред инцидентот, за кој во прв момент оставше впечаток дека е дел од сценариото. Сепак, откако седна, Смит продолжи да му вика на Рок: „Прекини веќе да го спомнуваш името на жена ми“.

Смит подоцна се извини кога го примаше Оскарот за најдобар актер за „Кралот Ричард“, каде што го игра таткото на тениските ѕвезди Серена и Венус Вилијамс. За целиот инцидент се огласи и полицијата во Лос Анџелес, која објасни дека Крис Рок немал намера да го пријави Вил Смит.

 

Scroll to Top