Ник Канон не плаќа алиментација за своите 12 деца

Водителот и комичар Ник Канон неодамна во емисијата Home Morning Show рече дека не плаќа алиментација за неговите 12 деца. Објасни дека иако не им плаќа, тој месечно се грижи за нив и досега се нема случено некоја од мајките да му побара нешто, а тоа да не го добие.

„За сè што треба, тука сум. Сè што ќе побараат, тоа и го добиваат. Никогаш досега се нема случено една од нив да побара нешто, а тоа да не го добие“, рече Ник.

Ник има дванаесет деца со шест жени и секоја од нив максимално ги почитува.

„Секоја има свои предизвици, но кога ќе сватите дека жената ја има дадено најголемата жртва, го жртвувала своето тело за да донесе дете на овој свет, тоа е најдобриот дар кој секој маж може да го посака“, рече Канон.

За потсетување, со бившата сопруга, пејачката Марија Кери ги доби близнаците Морокана и Монро, со манекената Бри Тизи го има синот Легендарно. Ќерката Оникс Ајс ја доби со манекенката ЛаНиша Кол, а синовите Голден, Рис и ќерката Поверфол Квин ја доби со манекенката Британи Бел.

Во ноември ја доби ќерката со Аби Де Ла Роса, со која ги има и близнаците Зион и Зилион. Го имаше и синот, Зен, со Алиша Скот, но трагично почина на 5-месечна возраст поради последиците од тумор на мозокот. Минатиот декември добија и девојче Хало Мари.

Scroll to Top