Ник Канон сака да и направи бебе на Тејлор Свифт, тоа би му било 13-то дете: слични сме ќе се разбереме

Комичарот Ник Кенон (42) веќе извесно време е во центарот на вниманието, откако го доби 12-тото дете. Има деца со шест различни партнерки, а сега откри дека би сакал да има дете и со пејачката Тејлор Свифт (33).

Ник гостуваше во „Шоуто на Хауард Стерн“ каде призна дека повеќе не планира да го шири семејството, но дека можеби ќе го промени своето мислење поради пејачката. Тејлор по шест години раскина со момчето Џо Алвин, а Ник сега сака да ја искористи шансата.

„Како прво, таа е одличен текстописец. Она што го сакам кај Тејлор Свифт е што таа беше толку ранлива и отворена со сета своја музика“, рекол комичарот.

Тој откри и дека тој и Тејлор имаат слични искуства во врските, на начин што нивните врски често завршуваат на насловните страници на таблоидите.

„Мислам дека би можела да се идентификува со мене. Веројатно ќе се разберевме“, додал Ник.

Ник има 12 деца со 6 различни партнерки. Со поранешната сопруга Мараја Кери имаше две деца, близнаците Марокана и Монро. Тој има три деца со неговата партнерка Британи Бел, синовите Голден Сагон и Рајс Месија и ќерката Паверфул Квин. Ник и Аби де Ла Роса имаат три деца, близнаците Зион Миксолидијан и Зилион Хер и ќерката Бјутифул Цепелин. Партнерката Алиса Скот и комичарот ја имаат ќерката Хало Мари, додека нивниот син Зен почина од тумор. Во 2022 година, тој го доби синот Легџенадри Лав со Бре Тиези, а со неговата партнерка Ланиша Кол ја имаат ќерката Оникс Ајс.

Scroll to Top