Ники Минаж му организира роденденска забава со Мињони на синот

Ники Минаж го прослави вториот роденден на синот Папа Беар. Раперката приреди тематска забава со популарните Мињони за нејзиниот син кој го има со сопругот Кенет Зоо Пети. Таа на Инстаграм објави видеа и фотки од роденденската забава, која се одржала куќа со базен и поглед кон градот.

На роденденската забава имало украсни балони со Мињони и детали во жолто – сина боја, машина за сладолед, памук и бонбони, како и машина за смути, пуканки, тобоган, место каде може да цртаат и бојат децата.

„Тато и јас те сакам многу. Не правиш многу среќни“, напиша Минаш на објавените фотки.

Минаж сподели и фотографија од роденденска торта целосно украсена со анимирани ликови од франшизата Despicable Me на која пишува „Папа Беар 2“.

Scroll to Top