„Никогаш не ги лажев моите девојки дека сум геј“: Рики Мартин искрено за минатото кога излегувал со жени

Латино-ѕвездата Рики Мартин во неговото последно интервју првпат прозборе за времето кога излегувал со жени, пред да открие јавно дека е хомосексуалец. Тој вели дека никогаш не ги лажел жените со кои бил во врска во минатото и дека тие знаеле дека е геј. Мартин во 2010 година првпат кажа дека отсекогаш бил геј, но ги отфрли тврдењата дека бил нечесен со своите девојки.

„Сексуалноста е комплицирана работа. Не е сè црно-бело. Исполнета е со бои. Кога излегував со жени, бев вљубен во жени. Се чувствував како што треба, се чувствував убаво. Не можете да лажирате хемија – хемијата беше таму со нив. Јас не замајував никого. Тие знаеја дека ги сакам, но знаеја и за тоа дека сакам мажи“, рекол тој.

Мартин првпат беше прашан за неговата сексуалност во интервјуто со Барбара Волтерс во 2000 година, 10 години пред да открие во јавноста дека е хомосексуалец. Тогаш тој рече дека тоа што го прашува Барбара е лага. Но, сега признава дека ќе било многу подобро ако тогаш се чувствувал доволно храбар за да го стори тоа.

„Многу луѓе се прашуваат што би направиле поинаку. Па, можеби требаше да бидам поискрен на тоа интервју. Ќе беше многу подобро, затоа што кога ја открив мојата сексуална определба се чувствував неверојатно“, рекол Рики, Рики, кој веќе неколку години е во брак со Хуан Џосеф.

Scroll to Top