Најпознатиот светски гастро-патеписец Ентони Бордејн си го одзеде животот со бесење, после долгогодишната борба со алкохолизмот и депресијата. Безживотното тело на Бордејн го пронајде неговиот пријател Ерик Риперт во хотелската соба.
Еден ден после веста за неговото самоубиство, се огласи мајката на Енторни, Гледис Бордејн.
„Беше последната личност на светот за која би помислила дека ќе го направи ова. Ги оствари своите најлуди соиншта. Постигна огромен успех и заработи многу пари благодарение на личните најлуди мечти“, изјави потресената Гледис.
Таа додаде дека Ерик Риперт ја известил оти последните неколку дена Ентони бил во многу лоша состојба.
„Ерик ми кажа дека последните неколку дена Тони бил многу мрачен“, открива мајката на Бордејн.