Никол Кидман – гламур на изложбата на часовниците Omega

Како бренд-амбасадор на Omega, Никол Кидман беше специјална гостинка на отворањето на изложбата на луксузниот бренд насловена Her Time, која ја раскажува историјата на создавањето на женските часовници.

На свеченоста во Санкт Петербург, холивудската дива зрачеше со гламур и елеганција. 51-годишната актерка носеше црна креација од руската дизајнерка Улјана Сергеенко.

Кидман го опишува часовникот како парче накит што го покажува времето.

„Го обожавам како парче накит. Не сакам секогаш да носам телефон и имам забележано дека ако го извадам телефонот за да го видам времето, веднаш ја проверувам е-поштата. Може навистина да те внесе во бескраен тунел, па сакам да имам граници на тоа колку многу технологија дозволувам да влезе во мојот мозок. Така, часовникот функционира како накит и го кажува времето, но исто така ми поставува граници“ – вели Кидман.

Scroll to Top