Никол Кидман и Пинк донирале по 500.000 долари за борба против пожарите во Австралија

Глумицата Никол Кидман и пејачката Пинк донирале по 500.000 долари помош за противпожарните служби во Австралија, кои секојдневно се борат со пожарите кои ја зафатија земјата.

Светските медиуми пренесоа дека и домот на холивудската актерка во Австралија е под закана целосно да изгори.

„Целото мое внимание е насочено кон настаните што се случуваат во Австралија. Моето семејство е со молитви за сите оние кои се погодени од огнот во земјата“, напишала Никол на социјалните мрежи, дополнувајќи дека таа и нејзиното семејство донирале 500.000 долари за помош на противпожарните служби.

Целата земја е погодена од големи пожари, во кои досега животот го загубија 23 лица. 12.3 милиони акри земја се изгорени, а повеќе од 1500 домови беа уништени.

Истата сума на пари ја донираше и пејачката Пинк, која вели дека нејзиното срце и молитви е со нејзините пријатели и семејства во Оз.

„Целосно сум уништена гледајќи ги пожарите и сето она што се случува во Австралија. Затоа донирам помош за противпожарните служби, за да можат полесно да се справат со оваа природна непогодба“, изјавила Пинк.

 

(Видео) Пожарите во Австралија се гледаат и од Вселената

Scroll to Top