Ноел Галагер поранешната ѕвезда на групата „Оезис“ се разведува од сопругата Сара Мекдоналд по 22 години брак.
„Ноел Галагер и Сара Мекдоналд потврдија дека се разведуваат. Ноел и Сара ќе продолжат заедно да се грижат за своите деца, што е нивен приоритет. Тие бараат од медиумите да ја почитуваат нивната и приватноста на нивното семејство во овој момент“, изјавил портпаролот во официјално соопштение до јавноста.
Парот се запознале во 2000 година. Галагер ја има и постарата ќерка Анаис со поранешната сопруга Мег Метјус.
Братот на Ноел, Лиам во една прилика раксажа дека не се сложувал добро со Сара и дека во минатото имале неколку јавни конфликти. Тој откри и дека повторното обединување на „Оезис“ не се случило поради Сара.