Нов скандал го тресе снимањето на Америка има талент

Пејачката Мел Б во текот на преносот во живо на епизодата на Америка има талент испровоцирана од страна на членот на жирито Сајмон Кауел кој пред очите на публиката заврши полеан со вода.

После неуспешен магионичарски трик кој го изведуваше еден од такмичарите, Тајра Бенкс, кој е член на жирито од оваа година нагласи дека поради технички потешкотии такмичарот не успеал да го изведе припремениот трик. Иако не беше тој виновен, тоа не ги спречи Мел Б и Сајмон да ги стиснат црвените тастери.

Сајмон, познат по сторгите коментари, не го штедеше нту такмичарот, но ниту Мел Б

Овој неуспешен трик го замислувам како првата брачна ноќ на Мел Б и нејзиниот сопруг – многу исчекувања но на крајот ништо не е покажано – рече Сајмон.

Мел беше шокирана, па по кажаниот коментар ја зеде чашата со вода и го поли Сајмон.

Пејачката моментално поминува низ тежок развод од нејзиниот поранешен сопруг Стивен.

Погледнете како тоа изгледаше.

Scroll to Top