Американскиот музичар Лајонел Ричи (71) веќе некое време е во романтична врска со Лиза Париџи (30). Иако некои медиуми пишуваат дека тие се заедно неколку месеци, има и такви што велат дека Лајонел и Лиза се заедно од 2014 година, кога таа имала само 23 години.
Нивната разлика во годините неодамна го привлече вниманието, особено што Лиза е девет години помлада од 39-годишната ќерка на пејачот, Никол Ричи.
Париџи е по потекло од Швајцарија, а сега живее во Лос Анџелес. Таа работела како модел, сега го води блогот Dream Design Discover. Таа е и основач и извршен директор на The Estate Collection, бренд што продава свеќи и миризливи масла“.
„Тој има 71 година, таа има 30 години, љубовта победува“ е коментарот на еден обожавател на музичарот.
За потсетување, освен Никол, Лајонел Ричи има и помлада ќерка, Софија, која последните неколку години беше во центарот на вниманието поради врската со Скот Дисик, кој е 15 години постар од неа и поранешен маж на Кортни Кардашијан.