Новата љубов на Бред Пит личи на Анџелина

Иако многумина се надеваа дека Бред Пит и Анџелина Џоли ќе ги решат проблемите и нема да се разведат, сепак, се чини дека актерот продолжил понатаму. Тој, според американските медиуми, веќе има нова љубов, триесет години помладата актерка Ела Парнел.

Ела многу потсетува на Анџелина, толку многу што во филмот „Малефисант“ го глумеше ликот на Анџелина во помлади години. Ела ќе глуми и во новата серија на Бред, а според близок пријател на Анџелина, таа е бесна што Бред инсистирал младата Ела да глуми со него. Од друга страна, 21-годишната Ела е пресреќна од вниманието што го добива од познатиот актер и признава дека отсекогаш била малку заљубена во него.

Scroll to Top