Нови детали: пред две недели принцезата реши да објави дека има рак

Принцезата Кејт е на насловните страници низ Велика Британија и светот, откако во петокот вечерта беше објавено видео во кое таа објаснува дека оди на хемотерапија за рак. Во двеминутното видео, принцезата изјави дека во јануари направила операција на абдоменот, а последователните прегледи откриле дека има рак, иако претходно се сметаше дека состојбата е поповолна.

Кејт во видеото изјави дека е во рана фаза на хемотерапија и вели дека дијагнозата била голем шок за неа и за целото семејство.

Како што пишуваат британските медиуми, Кејт сама го напишала говорот, пред две недели, кога решила својата дијагноза да ја сподели со светот. Таа и Вилијам решија да почекаат до почетокот на велигденските празници за да ја соопштат веста за нивните деца да бидат дома за време на медиумскиот хаос.

Говорот Би-би-си го сними на почетокот на неделава, а се шпекулира дека Кејт седела пред камерите кога нејзиниот сопруг и децата не биле дома.

Британските медиуми пишуваат и дека децата на Кејт со денови биле под притисок на нивните врсници на училиште откако настанал хаос во Велика Британија и на интернет поради „исчезнувањето“ на нивната мајка.

Пријателите на принцезата велат дека со нејзината објава за ракот уште на почетокот на празниците, Кејт сакала пред се да ги заштити своите деца.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган дознаа за дијагнозата на Кејт од медиумите, како и целиот свет.

Медиумите пренесуваат дека ситуацијата меѓу двајцата браќа и снаи е катастрофална и дека на Вилијам и Кејт не им текнало да ја споделат веста со Хари и Меган бидејќи целосно ја изгубиле довербата во нив. Тие се плашеле дека парот или нивните блиски луѓе ќе ја искористат таа информација.

Хари и Меган се огласија во петокот вечерта и и посакаа брзо закрепнување на принцезата Кејт.

Scroll to Top