Новиот дечко на Ники Минаж обвинет за силување и убиство

Американската пејачка Ники Минаж, 36, неодамна на „Инстаграм“ ја потврди својата врска со Кенет Пети (40). Новиот дечко на американската раперка е обвинет за убиство, но исто така и за обид за силување малолетничка.

Пети поминал четири години во државен затвор во Њујорк поради обид за силување. Тој, наводно, ја нападнал малолетничката и се обидел да ја присили на сексуален однос.

Несреќната девојка тогаш имала само 16 години, а во времето на судењето Пети бил исто така малолетник и благодарение на тоа добил помала казна.

Покрај тоа, дечкото на Минаж поминал седум години во затвор поради убиство, а го ослободиле во 2013 година.

Раперката не обрнува внимание на негативните коментари на своите фанови, и тоа го докажа со најновата објава на „Инстаграм“, заедно со опис под фотографијата „Сакаат да зборувааат? Тогаш да им дадеме нешто за што ќе зборуваат.”

Scroll to Top