Новите фотографии од Хари и Меган го засенија кралскиот портрет

Принцот Хари и Меган Маркл беа изоставени од официјалниот портрет на кралското семејство, па сега објавија нивни посебни фотографии на „Инстаграм“. Ги објавија два дена по објавениот кралски портрет на официјалниот профил на Бакингемската палата.

Фотографиите на Хари и Меган ги објави и фотографот Мисан Хариман, кај него на „Инстаграм“. Ги направи минатиот месец на самитот „Еден млад свет во Манчестер“, каде Меган држеше говор.

„Војводата и војвотката од Сасекс неколку минути пред отворањето на церемонијата“, стои во описот на една од фотографиите во боја на која Меган е во црвен ансамбл и го држи Хари за рака.

На другата црно-бело двајцата позираат странично држејќи се за рака. За потсетување, кралскиот портрет со Чарлс, Камила, Вилијам и Кејт беше направена ноќта пред погребот на кралицата Елизабета Втора, кога Хари и Меган беа во Лондон.

Многумина мислат дека фотографите на Хари и Меган го засенија кралскиот портрет, а некои кралски обожаватели мислат дека токму тоа им била и намерата.

За потсетување, на кралскиот портрет беа кралот Чарлс Трети, кој позираше со сопругата Камила и принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Миделтон. 

Scroll to Top