Шон Диди Комбс е обвинет за дрогирање и силување на 10-годишно момче во новата тужба поднесена вчера, пишува Page Six.
Тужбата во негово име ја поднесе адвокатот Тони Базби, пренесе Ројтерс.
Обвинителот тврди дека сѐ се случило во 2005 година, кога тој и неговите родители дошле во Њујорк за да присуствуваат на аудиција организирана од Диди. Тој тврди дека го запознал раперот во хотел во близина на Медисон Сквер Гарден. Потоа, како што се наведува, му отпеал неколку песни на раперот, а тој му рекол дека „може да го претвори во ѕвезда“ и го прашал „колку сака да биде ѕвезда“. Тогаш 10-годишното момче одговорило дека „ќе направи сѐ за да стане ѕвезда“.
Тогаш Диди му наредил на член на неговиот тим да му даде на детето сок кој, според обвинителот, содржел дрога. Тој вели дека се чувствувал чудно откако го испил газираниот пијалок, а Диди наводно му рекол: „Понекогаш мораш да правиш работи што не ги сакаш“, а потоа, како што тврди, го принудил на орален секс.
Обвинителот тврди дека потоа се онесвестил, а кога се разбудил му биле соблечени панталоните. Поради ова, тој верува дека бил сексуално злоставуван. Тој вели дека почнал да плаче, а Диди наводно му рекол дека ќе ги повреди родителите ако им каже што се случило. Toј изјавил дека на родителите им кажал сѐ, но тие се плашеле да го пријават Диди.
Тимот на Диди ги отфрли новите наводи. „Адвокатот кој стои зад оваа тужба е повеќе заинтересиран за медиумското внимание отколку за вистината, што е очигледно од неговите постојани медиумски појавувања. Како што веќе кажавме, г-дин Комбс не може да одговори на секое тврдење кое е лажно и смешно. Тој ќе на суд ќе ја докаже вистината“, велат тие.
Раперот неодамна побара забрана за објавување информации за неговиот случај во медиумите. Судијата Арун Субраманијан го одби тоа барање во петокот, но прифати слична наредба предложена од адвокатскиот тим на Диди.