Обиена колата на Хју Грант, глумецот ги бара крадците

Британскиот глумец Хју Грант на „Твитер“ се пожали дека непознати лица му го обиле автомобилот и дека, меѓу другото, го украле сценариото за филм на коешто работел долго време.

„Иако е мала веројатноста, ако некој го знае оној што го обил мојот автомобил и ја украл мојата торба, ве молам обидете се да го убедите да ми го врати барем сценариото“, напишал Грант.

Меѓу украдените работи се и здравствените книѓки на неговите деца.

Грант се прослави со улогата во филмот „Четири венчавки и погреб“, а потоа изгради кариера глумејќи во романтични комедии: „Нотинг Хол“, „Всушност, љубов“, „Отказ за две недели“, „Бриџит Џонс“ и други.

Scroll to Top