По повод Денот на татковците во Велика Британија, на Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс е објавена фотографија направена од Кејт Мидлтон.
„Те сакаме, тато. Среќен ден на таткото“, стои во описот на фотографијата на која принцот Вилијам ги гушка своите деца Џорџ, Шарлот и Луис на плажа.
Фотографијата е направена оваа година од принцезата од Велс.
Инаку, Кејт викендов за прв пат се појави во јавноста откако објави дека има рак.
Принцезата од Велс присуствуваше на традиционалната парада Trooping the Color, придружувана од нејзините деца и принцот Вилијам. Trooping the Color ја одбележува роденденската забава на монархот, а принцезата учествуваше во поворката со кочија со своите деца.