Објавени првите фотографии од принцот Луис Алберт

Британското кралско семејство ги објави првите две официјални фотографии од новородениот принц Луис Алберт. Луис е петти во редот за британската круна. Тој е роден на 23 април.

Двете фотографии се направени во палатата Кенсингтон, а ги сликала Кејт Мидлтон. Според информациите од палатата, првата фотографија е направена на 26 април, а втората е сликана на 2 мај, кога беше третиот роденден на неговата сестра прицезата Шарлот. На оваа фотографија принцезата го држи в раце и го бакнува.

Официјални лица на Палатата објавија дека новиот принц нема да присуствува на свадбата на Хари и Меган закажана за 19 мај.

Scroll to Top