Објавени првите фотографии со Лејди Гага како Харли Квин во „Џокер“

Пејачката и глумица Лејди Гага е видена на снимањето на новото продолжение на „Џокер“ во кој ќе го глуми ликот Харли Квин. Новото продолжение Joker:Folie à Deux се снима во Њујорк, а папараците ја снимија пејачката на скалите на њујоршкиот Врховен суд на Менхетен.

Го носеше препознатливиот костим на Харли со црвено сако и кариран горен дел. Во улогата на Џокер и овој пат ќе глуми Хоакин Феникс, кој за оваа улога во 2020 година доби Оскар. За продолжението малку се знае, но познато е дека треба да излезе во октомври 2024 година.

Гага се појави уште во неколку филмски улоги, но нејзиниот најголем успех е во филмот Shallow од 2018 година во кој глумеше со Бредли Купер.

Scroll to Top