Облечена во розово, Шинед О’Конор го погреба синот: Ирска во својата злоба и лаги дозволи син ми да умре

Ирската музичка ѕвезда Шинејд О’Конор (55) вчера го погреба малолетниот син Невим Нест Али Шејн О’Конор (17), кој на 7 јануари под неразјаснети околности си го одзеде животот. Шинејд на погребот дојде облечена во розово, бидејќи, како што рече тоа би му се допаднало на нејзиниот син. Откако се врати во својот дом, таа напиша  трогателен твит:

„Ги идентификував посмртните останки на мојот син. Господ да ѝ прости на Ирска, бидејќи јас сигурно нема. Ќе почекам да го оплачам синот, а кога ќе бидам подготвена на сите ќе им кажам точно како државата Ирска во своето незнаење, злоба и лаги во болницата „Тусла“ овозможи мојот син да умре„.  Педесетина нејзини пријатели дојдоа на испраќањето на Невим на гробиштата Њуландс Крос во Западен Даблин.

Scroll to Top