Обожавателите на актерот Том Хенкс од Полска собрале пари за да му купат автомобил „пегла“. Парите што им останале ги донирале на детска болница.
„Многу сум возбуден поради новиот автомобил“, се пошегувал Том Хенкс пред една година, кога се фотографирал со „фиат 126“.
Неговите полски обожаватели го испратиле автомобилот во САД, а акцијата ја поттикнала Моника Јасколска, која во период од една година преку интернет успеала да ги собере потребните пари. Актерот, пак, ветил дека ќе ги посети при првото доаѓање во Европа.