Обожавателка на Елтон Џон на аукција ќе ги продава цвеќињата кои поп ѕвездата и ги подарил пред 50 години

Обожавателка на Елтон Џон на аукција ќе ги продава цвеќињата кои поп ѕвездата и ги подарил пред речиси 50 години.

Тогаш 16-годишната Дебора Вилијамс од Вулверхемптон отиде да го види својот идол на настап во 1976 година, кога тој фрлил црвени каранфили во публиката. Откако во толпата ѝ ги грабнале цвеќињата од раката, вели Дебора, Елтон Џон слегол од бината и и подарил нови цвеќиња во раката.

Сега, на возраст од 64 години, г-ѓа Вилијамс ги подготвува внимателно сочуваните цвеќиња и други скапоцени предмети за аукција на 14 јуни.

Концертот пред 50 години се одржал во „Wolverhampton Civic Halls“, а билетите чинеле само 2,50 фунти, се сеќава Дебора.

„Оттогаш ги чувам заедно со сите останати сувенири на Елтон што ги поседувам. Цветовите ги притиснав и исушив и ги чував во книга со стиховите на неговите песни. Тие ми се многу драгоцени и затоа сега ги продавам. Немам деца и ако нешто ми се случи, се плашам дека ќе завршат во ѓубре“, рекла таа.

Богатството со сувенири на г-ѓа Вилијамс вклучува маици, летоци, програми, билети за концерти, фотографии, беџови и постери, вклучително и постер на Елтон Џон и Реј Купер од 1977 година.

Сите предмети ќе бидат понудени на продажба во три лота на продажбата на музички сувенири на Hansons Auctioneers, која се очекува да чини околу 500 фунти.

За неговата турнеја Farewell Yellow Brick Road, легендарната поп ѕвезда настапува во Бирмингем во Утилита арената на 10 и 11 јуни.

Scroll to Top