Од алкохолот станав насилник, се коцкав и ја изневерував жена ми: Џеки Чен за најголемите пороци во животот

Познатиот холивудски актер Џеки Чен, кој се смета за единствениот вистински наследник на Брус Ли, има снимено преку 150 филмови, а активен е од 60-тите години на минатиот век. Тој е првиот што измеша комедија со борење, а неговите филмови секогаш се полн погодок.

Иако важи за еден од најомилените глумци ширум планетата, многумина не знаат дека има неговата мрачна страна од минатото за којашто отворено зборуваше во својата автобиографија, која ја објави во 2015 година. Тогаш тој откри некои детали од неговиот живот кои во најмала рака го шокираа светот.

Чен е роден на 7 април 1954 година во Хонг Конг како Чен-Конг Санг. Тој е син единец на Ли-Ли и Чарлс Чен, кои беа толку сиромашни што позајмија пари од своите пријатели за да му платат на докторот. Во 1960 година, татко му емигрираше во Канбера, Австралија каде работеше како главен готвач во американската амбасада, а Чен го запишаа во кинеската драмска академија, Пекиншка оперска школа, управувана од мајсторот Ју Џим-јуен, каде се стекна со боречки и акробатски вештини.

„Научивме сè и сешто на тренинзите кои често беа многу напорни, понекогаш траеја од пет наутро до полноќ“, рече Чен во едно од своите интервјуа.

Својата филмска кариера ја започна со појавување во мали улоги на петгодишна возраст како детски актер. Во 1972 година, се појави во филмот на Брус Ли „Fist of Fury“ и како статист и како каскадер, а следната година тој повторно се појави во друг филм со Ли „Enter the Dragon“.

Во 1976 година им се придружи на своите родители во Канбера, каде кратко учеше на колеџот Диксон, а потоа работеше како градежен работник. Еден од колегите, Џек, го зеде по своја закрила, па оттаму Чен го добил прекарот „Малиот Џек“, подоцна скратен во „Џеки“, кој засекогаш остана со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

„Кога ги заработив првите големи пари, веднаш почнав немилосрдно да ги трошам. Проблемот беше во тоа што почнав претерано да пијам, поточно да опивам“, рече Чен сеќава дека го поминувал слободното време кога не бил на снимање.

Во 1982 година, се ожени со Џоан Лин, тајванска актерка со која има две деца. Тој вели дека станал насилник поради алкохолот.

„Еднаш толку силно го удрив мојот син Џеси што прелета низ половина соба и падна на креветот. Тогаш навистина претерав. Не само што Џеси се исплаши, туку и мојата сопруга беше шокирана“, напиша тој во својата автобиографија.

Чен вели дека во тоа време бил „неук фраер кој преку ноќ заработил 10 милиони долари“ и дека не е чудно што се однесувал незрело бидејќи големата слава и богатство му удриле во глава. Тој исто така призна дека ја изневерил сопругата со младата убавица Елејн Нг Ји Ли, која беше Мис на Азија во 1990 година. Но во неговата книга изостана името на вонбрачната ќерка Ета која ја доби од таа авантура со Ли. Таа во една прилика изјави дека никогаш не го сметала Чен за нејзин татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

Чен призна дека набрзо по венчавката, почнал да излегува по клубови и да ја изневерува сопругата со млади и згодни девојки: „Се коцкав и ја изневерував сопругата. Се сеќавам дека на едно такво вечерно излегување кога запознав убава девојка, а единственото нешто што го знаев за неа беше нејзиниот прекар – Број 9.“

Тој вели дека денес му е жал што ја изневерил сопругата и дека поради тоа уште повеќе ја цени.

„Всушност, јас сум среќен човек бидејќи Лин отсекогаш беше и остана со мене. Таа е многу силна жена, во многу ситуации многу посилна од мене”, рече Чен.

 

Scroll to Top