Од колкави хонорари се откажаа Кардашијанови по одлуката за крај на шоуто

Ким Карадашијан-Вест откри дека реалното шоу на нејзиното семејство „Кардашијанови“ (Keeping up with the Kardashians) ќе заврши по следната сезона. Шоуто, кое многумина го сметаат за контроверзно, се емитуваше цели 14 години.

– Со тешки срца ја донесовме тешката одлука како семејство да се збогуваме со „Кардашијанови“ – напиша ѕвездата во вторникот на социјалните мрежи.

Таа додаде и дека без серијата не би била таму каде што се наоѓа денес. Ова дефинитивно е точно доколку се пресмета колку пари заработило семејството за време на снимањето на серијата. „Чит шит“ известува дека заедно членовите на семејството Кардашијан и Џенер во 2017 заработувале околу 100 милиони долари од епизода според еден договор кој траел три години.

Тоа значи дека секој член од семејството добивал околу 900.000 долари по епизода. Земајќи предвид дека има 20 епизоди во секоја сезона, секој член од семејството заработил по 18 милиони долари за една сезона. Медиумите пишуваат дека сумата се разликувала во последните сезони.

„Блест“ пишува дека семејството добило 150 милиони долари за тригодишен договор со телевизијата „Е!“, а ова не е ниту единствениот извор на финансии за семејството за време на снимањето на серијата. Како што знае секој што користи интернет, сестрите и мајката често се појавуваат во реклами и застапуваат многу брендови.

 

Се проценува дека Ким Карашијан-Вест „тежи“ 900 милиони долари годинава според „Форбс“. Кајли Џенер беше прогласена за млада милијардерка, но сега нејзиното богатство се проценува на 900 милиони долари, како и на нејзината поголема сестра.

Крис Џенер, која е и извршен продуцент на серијата, има 37,5 милиони долари, според „Харперс базар“. Скот Дисик, поранешниот партнер на Кортни Кардашијан, „тежи“ 40 милиони долари.

Се чини дека сепак семејството нема да има проблеми со финансиите и по завршувањето на серијата.

Scroll to Top