Од пејачка пред маркети и паркинзи, до единствената јавна личност со освоени Оскар и Златен глобус: Лејди Гага за почетоците на кариерата

Пејачката Лејди Гага постигна голем успех и сега е една од најпопуларните пејачки на планетата, со голема заработувачка. Нејзините почетоци биле многу тешки и напорни, за што и самата Гага има зборувано во неколку нејзини интервјуа.

На почетокот, многу издавачки куќи не сакаа да соработуваат со Лејди Гага, наведувајќи дека таа е премногу извртена. Така Гага се соочи со многу одбивања, а кога конечно го издаде својот прв албум „The Fame“ во 2008 година, настапуваше каде и да беше поканета.

Таа не се грижела многу за местото каде што ќе настапи, само сакала на секој можен начин да допре до публиката. Така таа се пробила пеејќи пред Икеа, супермаркети, пред продавници за облека, на изборот за мис на капење, пред аква паркови, во мали ноќни клубови со лош звук.

Сега на социјалните мрежи повторно се појавија видеа од самиот почеток на кариерата на Лејди Гага, а некои корисници не веруваат како изгледа пејачката и каде се има настапувано.

Дури по една година, албумот „The Fame“ стана забележан, а три песни се издвоија или станаа светски хитови – „Poker face“, „Just dance“ и „Paparazzi“.

Самата Гага во една прилика изјавила дека е сама заслужна за нејзиниот голем успех, како и дека никој не верувал во неа кога влегла во светот на шоу-бизнисот.

„На почетокот на кариерата морав многу да се борам. Ме одбија многу издавачки куќи, ми рекоа дека сум премногу извртена. Поминав низ голема борба за да стигнам до каде што сум денес. Пишував песна по песна додека конечно дојде хитор „Just dance“. Пот и крв истурив една година, воопшто не спиев, одев директно од автобус до клуб и така ноќ по ноќ. Никој не веруваше во мене. Но трудот на крајот се исплатеше“, изјавиla Гага, една од најбараните пејачки на денешницата.

Лејди Гага досега има издадено шест студиски албуми, продадени во повеќе од 125 милиони примероци. Добитник е на најпрестижните музички награди, меѓу кои и 12 Греми награди. Заедно со Шер и Барбара Стрејсенд, таа е единствената американска јавна личност која може да се пофали со Оскар и Златен глобус.

Scroll to Top