Од Шон Конери до Даниел Крег, како 007 од женкар стана икона на поп-културата

Од објавувањето на „Казино Ројал“ во 1952 година, Џејмс Бонд на Јан Флеминг беше најважниот таен агент, допадлив и софистициран владин оперативец, кој патуваше низ светот елиминирајќи супернегативци додека пиеше мартини со вотка и им се додворуваше на егзотични убавици.

Шест актери го глумеа 007 на големиот екран во 25-долгометражни филмови и уште од неговото прво појавување во 1962 година, Бонд беше вклучен во битка помеѓу тоа да остане верен на изворната визија на Флеминг за шпион кој многу пие, женкар џентлмен, и да ги земе предвид еволуирачките ставови на побликата во однос на прикажување секс и насилство на екранот.

„Не е време за умирање“ (No Time to Die) ја имаше својата светска премиера во лондонскиот Ројал Алберт Хол на 28 септември, а Даниел Крег за последен пат продефилира на црвениот тепих во смокингот на Бонд.

Со објавувањето на повеќе пати одложуваниот филм, петто и последно појавување на Крег како 007, некои шоу-биз медиуми гледаат наназад како се смени ликот на Бон од неговото деби на големото платно.

Шон Конери (1962-1967, 1971, 1983)

Тешко е да се замисли дека кога Шон Конери првпат беше избран да го глуми Бонд, Флеминг не го одобруваше крупниот Шкотланѓанец. Во своите романи авторот го споредуваше Бонд со американскиот текстописец Хорџи Кармајкл , а за улогата го преферираше Дејвид Нивен.

Но, од неговата прва сцена во „Dr No” безгрижно палејќи цигара додека ги изговара бесмртните зборови „Бонд, Џејмс Бонд“ среде звуците на иконската тема на Монти Норман, Конери и ликот станаа едно.

Конери донесе лаконска духовитост што недостасуваше во романите. Бонд на Флеминг беше тап инструмент, неутрален лик околу кој се случуваа возбудливи работи.

Бонд на Конери се ангажираше со светот околу него, користејќи ги тупаниците … или други атрибути за да ужива во својата работа.

Денес неговото однесување може да се смета за недолично , но во 1960-тите овој одважен став го направи неодолива ескепистичка фигура.

Џорџ Лазенби (1969)

Главно непознатиот австралиски актер го глумеше Бонд само еднаш („Во служба на нејзиното височество“), но прикажа импресивна физика во комбинација со убав изглед, во еден од најдобрите филмови во франшизата.

Роџер Мур (1973-1985)

Мур веќе имаше 46 години кога го презеде смокингот на 007, улога што ќе ја задржи повеќе од една деценија.

Етаблираната ТВ-sвезда благодарение на The Saint иThe Persuaders,
Мур повторно го измисли Бонд како самоуверен плејбој вооружен со малку повеќе од подигната веѓа и низа насмеани двојни играчи.

Тимоти Далтон (1987-1989)

По пензионирањето на Мур, „Еон продукција“ го ангажираше театарскиот актер Тимоти Далтон, чиј приземен приказ на строго лице е можеби најблиску до изворниот лик на Флеминг: студен, клинички и главно без насмевка.

Пирс Броснан (1995-2002)

По најдолгата пауза во историјата на серијалот, Бонд конечно се врати со Пирс Броснан во улогата.

Актерот претходно беше избран да го наследи Мур, но не можеше да го раскине договорот за ТВ-серијата „Ремингтон Стил“.

Даниел Крег (2006-2021)

Даниел Крег во улога на 007 ќе биде запаметен како главно успешен и со најдолг стаж од 15 години (2006-2021), но тоа беше далеку од мирна пловидба.

Неговиот избор за нов Бонд предизвика бес проследен со отровна кампања „Бонд не е русокос“, која го мачеше актерот до објавувањето на „Казино Ројал“. Во тој момент, сепак, сите критичари занемеа.

Бонд на Крег мораше да се бори облечен во смокинг и видливо да крвави по секоја физичка пресметка со негативците. Неговите духовити страни беа испреплетени со потсмев, со мрморење само за сопствена сардонична забава. На кратко, тој беше совршен.

Значи, без оглед на тоа како паѓаат чиповите на крајот на No Time to Die, и кој и да го преземе кодот 007, едно е сигурно: Џејмс Бонд ќе се врати.

 

Scroll to Top