Од срцев удар почина Лиза Мари (54), единствената ќерката на кралот на рокенролот, Елвис Присли. Лиса, која беше пејачка и текстописец, синоќа била итно пренесена в болница по срцевиот удар. Веста за смртта ја потврди нејзината мајка Присила Присли.
„Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нè напушти. Таа беше најстрасната, најсилната, највљубената жена што некогаш ја познавав. Бараме приватност додека се обидуваме да справи со оваа длабока загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите. Нема да има дополнителни коментари во овој миг“, изјави Присила по смртта на ќерка си.
Лиса Мари пред неколку дена со својата мајка присуствуваше на доделувањето на „Златните глобуси“. На церемонијата тие го поддржаа Остин Батлер, кој освои награда за главна машка улога, за филмот „Елвис“.
Лиза Мари е родена во 1968 година и е сопственик на замокот на нејзиниот татко Грејсленд во Мемфис, популарна туристичка атракција. Таа имала девет години кога Елвис починал од срцев удар.
Нејзината музичка кариера започна со нејзиниот деби албум To Whom It May Concern во 2003 година. Потоа следеше Now What во 2005 година, од кои и двата стигнаа до топ 10 на Билборд 200. Третиот албум, Storm and Grace, беше објавен во 2012 година.
Имаше четири деца, а се мажеше четири пати, со Мајкл Џексон, Николас Кејџ, Дени Кеог и Мајкл Локвуд.