Одложена премиерата на „Џејмс Бонд“

Поради коронавирусот продуцентите најавија одложување на премиерата на новиот филм за „Џејмс Бонд“, No Time To Die. Филмот требаше да почне да се прикажува во кината во Велика Британија на 2. април. Но, потврдено е дека датумот на излегување на филмот ќе биде одложен до ноември, поради коронавирусот, пренесуваат медиумите.

Продуцентите најавиле дека одлуката ја донеле по направените темелни проценки на глобалниот пазар. Снимањето на филмот, претходно познат како „Бонд 25“, почна во април на Јамајка. Тие најавија дека оскаровецот, Рами Малек, ќе биде главниот негативец во последното продолжение на британската шпионска франшиза.

Даниел Крег, во 2017 година потврди дека по петти пат ќе го глуми британскиот таен агент 007. Во новиот филм Бонд ќе ужива во мирниот живот на Јамајка откако претходно ги напуштил тајните служби, сè додека не го посети стариот пријател Феликс Леитер од ЦИА и побара негова помош.

Франшизата „Џејмс Бонд“ е една од најпрофитабилните во филмскиот свет. Spectre од 2015 година заработи 880 милиони долари, а Skyfall од 2012 година, повеќе од милијарда долари.

 

Scroll to Top