„Одмазници“ е филм кој најбрзо заработил милијарда долари

Откако минатата недела го постави рекордот за најголемо отворање на сите времиња, „Одмаздници: војна на бесконечноста“ заработи дополнителни 112 милиони долари во вториот викенд од прикажувањето. Со тоа стана филм што најбрзо заработил милијарда долари во историјата.

Третиот дел на „Одмаздници“ ќе оствари уште поимпресивна заработка ако се знае дека филмот допрва ќе се прикажува во Кина, која е вториот најголем светски пазар за филмови. Премиерата во Кина е закажана за 11 мај.

Scroll to Top