Aктерката Џулија Робертс за новогодишните и божиќни празници е во Австралија. Во розов костум и одличен изглед, во светските медиуми осамнаа папарацо фотографии од нејзиниот семеен одмор на една плажа во Сиднеј.
Робертс е од оние актерки кои кариерата ја градеа на својот талент , а секако дека ѝ помогнаа и изгледот и широката насмевка, но таа никогаш не се стремеше кон холивудските стандарди за убавина. И сега на овие години изгледа одлично, коментираат на социјалните мрежи.
Пред неколку години во една пригода изјави дека за неа тајната на убавината е во тоа да се биде среќен, потенцирајќи дека работи и на прифаќањето на процесот на староста, велејќи: „Тоа ќе се случи, без разлика дали тоа мене ми се допаѓа или не“.