Ограбен домот на Шакира и Пике

Крадци влегле во домот на Жерар Пике и Шакира во Барселона, пренесе „Марка“. Криминалците украле накит и скапи часовници. Во време на грабежот во домот на пејачката и фудбалерот немало никој. Полицијата засега не знае кои се крадците.

Во моментоив Пике се подготвува за Светското првенство во Русија. Додека неговите соиграчи се во камп во Шпанија, Пике е во Германија, каде што Шакира вчера имаше концерт како дел од нејзината европска турнеја.

Scroll to Top